Ромео Бекам, 10-годишниот син на фудбалерот Дејвид Бекам и на дизајнерката Викторија Бекам, го направи своето модно деби во кампањата на Burberry за сезоната пролет-лето 2013 година.
Кастингот за модната кампања, британската дизајнерска куќа го најави на Твитер во понеделникот и краткотрајно стана трендинг-тема ширум светот, а и понатаму е трендинг меѓу британските твитерџии.
Видеото во кое покрај Ромео, се појавуваат Еди Кембел и Чарли Франс, беше истовремено објавено на Твитер. Кампањата, пак, ќе биде промовирана низ онлајн и офлајн-платформите на модната куќа во текот на сезоната пролет-лето 2013 година.
Ромео е еден од тројцата синови на семејството Бекам, покрај Бруклин Џозеф и Круз Дејвид, а минатата година Дејвид и Викторија ја добија ќерката Харпер Севен. [Burberry Teaser Ad Catapults Romeo Beckham to Twitter Fame]
{youtube}TCruW1UB_YI{/youtube}