Пејачката Флоренс Велч, фронтменка на инди бендот „Florence + the Machine“ има посебен вкус кој се опишува како таинствен и романтичен.
Таа го претстави својот дом за магазинот „Vogue“ во кој одлично се вклопуваат горенаведените епитети.
Неодамна 26-годишната пејачка реши да го напушти домот на мајка ѝ во јужниот дел на Лондон и да си купи нов стан уреден во грегоријански стил, а од кој има поглед на лондонскиот парламент.
Со помош на нејзината пријателка, дизајнерката Керолин Бенсон својот мал стан го исполнила со антиквитети и ретро мебел, а ентериерот го опишала како „оаза на мирот и задоволството“. Нејзино најдраго место во станот е купатилото со дрвени ѕидови обоени во нежно сина боја.