Романските „Деца на канализацијата“

Владеењето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску, во Романија и надвор ќе остане запаметено по „железната рака“ која неколку децении наметнуваше брутална репресија, страв и закани. За време на неговото владеење, Чаушеску ја забрани контрацепцијата и абортусот, во обид да ја зголеми работоспособната популација на Романија. Неподносливата сиромаштија резултираше со огромен број на напуштени деца.

Така, еден од најшокантните моменти по неговата смрт беше обелоденувањето на условите во романските сиропиталишта – каде илјадници напуштени, изгладнети и болни бебиња и деца беа најдени во состојба на бавно умирање во креветчиња со решетки и полни со инфекции.

2E2BED6D00000578-3306879-image-a-119_1446811825066[1]
Од едно од сиропиталиштата, во 1990-та, набрзо по падот на Чаушеску.

2E2BE80000000578-3306879-image-a-122_1446811831251[1]

2E2BE71800000578-3306879-image-a-125_1446811833641[1]

2E2BE8BD00000578-3306879-image-m-130_1446812048392[1]

2E2BE8E300000578-3306879-image-m-132_1446812060709[1]

2E2BEDA600000578-3306879-image-a-136_1446812294137[1]

Сликите предизвикаа силни реакции кога во 1989 беа пренесени низ светот, а набрзо потоа сиропиталиштата беа затворени. Илјадниците деца беа згрижени низ разни државни институции, но ни таму не поминаа подобро – овие места веќе беа полни со болни, сиромашни и ментални пациенти. Дел од постарите деца, пак, не сакаа да се вратат на строгата тортура во домовите, и останаа да преживуваат на улиците.

25 години подоцна, овие деца ѝ оставија грозно наследство на Романија (не погрозно од тоа што Романија им остави нив).

Среде сообраќајот во центарот на Букурешт, тек тук ќе видите некое лице како ѕирка од шахтите. Како што ќе се појави, така брзо и ќе исчезне, а малкумина и воопшто го забележуваат.

abc_sewerkids_le_141126_31x13_1600[1]

Цела една генерација веќе живее во подземните канализациски и топлификациски тунели под Букурешт – остаток од обидот на Чаушеску да изгради централно греење за градот. Погодувате, добар дел од нив се истите тие деца и луѓе кои избегаа под земја во топлината на цевките за парно во 1989-та година, кога беа затворени сиропиталиштата. Овие луѓе сега се возрасни, но меѓу нив живеат и нови генерации…

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-11[1]

2E2A5BF200000578-0-image-a-49_1446807578986[1]

На улиците горе во Букурешт опстојува сосема поразличен свет. Има ресторани, скапи автомобили, продавници и владини канцеларии во близина. Долу под нив, многу од тунелите се претрупани со ѓубре и скапани парчиња облека што се користат како кревети.

2E2A5CBA00000578-0-image-a-34_1446807551516[1]

Скоро сите се болни од СИДА, а четвртина се болни од туберкулоза. Има и дрога. Многу, многу дрога.

2E2A5C0200000578-0-image-m-54_1446807608754[1]

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-2[1]

Полицијата се обиде да ги запечати влезовите во канализацијата, но луѓето од тунелите најдоа други влезови.

2E2A5CA700000578-0-image-a-50_1446807583223[1]

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-1[1]

Логично, во тунелите знае да биде опасно, а за да влезете во нивниот свет, потребна ви е дозвола од нивниот самопрогласен лидер – недопирлив и мистериозен човек, поранешен уличен борач по име (прекар) Брус Ли.

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-17[1]

2E2A5D4E00000578-0-image-m-73_1446807688454[1]

Ли живее во тунелите во последните 24 години, а другите „луѓе од канализацијата“ го третираат како крал. Има сребрена коса, која ја бои со ауролак – металик боја популарна затоа што служи како евтина дрога за евтин „хај“. Ли носи и куп ѕвонливи беџови и медали, а чува и голема глутница од кучиња.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

2E2A5C7B00000578-0-image-a-45_1446807573747[1]

2E2A5CA200000578-0-image-a-39_1446807559027[1]

„Децата доаѓаат во тунелите бидејќи немаат каде да одат“, вели Ли, „а тука имаат храна и вода и греење… Сите ги знам. Овде долу јас контролирам сé. Порано правеа многу лоши нешта. Немаа кој да им покаже како да живеат добро пред да дојдам јас“.

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-12[1]
Ли ги штити децата и од сексуални злоставувачи.
underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-18[1]

Вели дека луѓето од канализацијата посегнуваат по дрога бидејќи тоа им е утеха и им дава можност за бегство од суровата реалност. „Со дрога, ти не си гладен, не си жеден“, вели „лидерот“. Во деведесеттите, жителите на канализацијата беа зависни од ауролак, во 2000-тите од хероин, а сега се боцкаат со синтетички дроги наречени „спајс“ или „меџик“.

2E2A5C0E00000578-0-image-a-47_1446807576550[1]

2E2A5BEA00000578-0-image-a-61_1446807630859[1]

Тунелот во кој живее Ли е поинаков од останатите. Во неговиот, луѓе седат на грејните цевки, има струја, микробранова, вентилатор, па дури и божиќна елка.

„Сé што имаме е собрано од ѓубрето од градот. Ако не живееме вака, ќе умираме по улиците“. Тунелот е долг околу 2 километри. Навечер е полн со млади и деца. Таму се собираат. Преку ден се надвор и го пребаруваат ѓубрето за храна и корисни предмети.

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-4[1]

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-8[1]

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-9[1]

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-3[1]

2E2A5BDE00000578-0-image-a-60_1446807627930[1]
Во тунелите често трешти денс музика, како што пишува Дејли Меил, „како во ноќен клуб со ѓаволска атмосфера“.
Постои само една хуманитарна група во Романија што работи со луѓето од подземјето – наречена Samu Social. Нејзините претставници разбираат дека „луѓето од тунелите немаат друг избор“, па се обидуваат да им помогнат на секој можен начин, но тоа оди тешко бидејќи нема доволно финансиски средства, ниту пак доволно храна и облека, иако групата има и делумна помош од владата.
underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-10[1]
Во меѓувреме, Ли вели дека собира пари за да изгради нова заедница надвор од Букурешт, која ќе биде дом за сите негови луѓе. „Да, место за моите луѓе, каде ќе бидат добро третирани. Тука нé третираат како животни. Си ветив себеси дека ако некогаш ја напуштам канализацијата, ќе ги поведам сите со мене“.

DSF6187[1]

Многумина ќе се пожалат дека Ли го ветува истово со години, но без резултат, барем не со живеалиште над земја. Сепак, за младите деца без никакви други опции и сонот знае многу да вреди.

underground-sewer-life-bruce-lee-bucharest-14[1]

Во меѓувреме, „владата прави сé што може, но ситуацијата во тунелите е комплексна – многу од луѓето што живеат во тунелите со Брус Ли не сакаат да заминат“, вели Сабина Николае – директор на Samu Social.

- Реклама -