Група на граѓани од Романија преку социјалните мрежи организирале протестен марш од Плоштадот до седиштето на Владата. Употребени биле голем број ролни тоалетна хартија.
Демонстрантите сношти фрлаа тоалетна хартија кон објектот на Владата на Романија, како знак на противење на предлог-законот министерот за правда да именува јавен обвинител, без да може претседателот на државата да влијае на тоа.
Демонстрантите сметаат дека ваквата одлука води до директно потчинување на судството пред Владата.
Освен тоалет-хартија, демонстрантите носеле пароли со фотомонтажи од државни функционери облечени во затворски униформи.