Една од најомилените лектирни книги во модерната македонска литература, „Марта“ од Горјан Петревски, добива и втор дел со наслов „Другата Марта“.
„Другата Марта“ е само продолжение на приказната, но читателите можат да ја доживеат и како засебен роман со нови заплети и расплети, со разрешување на многу загатки и чуденки што ги носи тинејџерската возраст.
Книгата е во издание на Издавачката куќа „Македонска реч“. Промоцијата ќе биде на 3 ноември во 13 часот во Ликовниот салон во Велес.