Ромалитико го одбележува Светскиот ден на ромскиот јазик

По повод Светскиот ден на ромскиот јазик, Ромалитико организира настан кој ќе се одржи на 4 ноември со почеток од 18:30 часот во Едукативниот културен центар Laboratorium.

,,На настанот ќе имате можност да слушнете искуства поврзани со ромскиот јазик и да проследите креативен перформанс на ромски јазик. На настанот ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик, а ќе имате и можност да добиете книги од нашите соработници” велат организаторите.

- Реклама -