Рома сензационално ја елиминираше Барселона, Ливерпул втор пат подобар од Манчестер Сити (ВИДЕО)

Рома го оствари невозможното и со тоа го направи и најголемото фудбалско изненадување годинава. По поразот на гости од 4-1, Рома успеа да ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите со сензационална победа од 3-0 пред своите навивачи.

Поради постигнатиот гол на гости, Рома продолжи во полуфиналето, додека Барселона по трет пат е елиминирана во оваа фаза од ЛШ.

Един Џеко го отвори резултатот во шестата минута, Даниеле Де Роси го зголеми резултатот во 58. по пенал, а Костас Манолас се претвори во голем херој, откако го постигна третиот гол во 82. минута.

Хајлајтс ТУКА, а во продолжение реакциите:

„Никогаш не сум ја видел Рома да одигра толку доминантни 95 минути против еден противник. Но она што се случи вечерва беше неверојатно“, изјави претседателот на Рома – Џејмс Палота, пред да им се приклучи на фановите во големото славје на „Пјаца дел Пополо“ каде се фрли во фонтаната.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Тимот на Ливерпул, од друга страна, по втор пат го победи Манчестер Сити, овој пат со 2:1 во реваншот на „Етихад“ и со вкупен резултат од 5:1 ги елиминираше „граѓаните“.

Играчите на Пеп Гвардиола имаа тешка задача да ја надополнат негативата од 0:3 од првиот натпревар на Енфилд, и изгледаше дека добро им тргна кога Габриел Жезус го отвори резултат уште во втората минута. Сепак, во 56-тата Мохамед Салах изедначи, а во 77′-та Роберто Фирмино направи целосен пресврт.

Клучниот момент се чини се случи на крајот на првото полувреме, кога при резултат 1:0 беше поништен чист гол на Лирој Сане. Малку пред тоа, во казненото поле на гостите имаше игра со рака по удар на Бернардо Силва, но не беше досуден пенал. На полувремето тренерот Гвардиола не го воздржа својот бес кон сонародникот и доби црвен картон, па второто полувреме го гледаше од трибините.

 

- Реклама -