Рома го победи Ливерпул на бејзбол стадион (видео)

Брендан Роџерс го претрпе првиот пораз како стратег на Ливерпул откако „Црвените“ загубија со 2:1 од Рома во контролниот дуел што се одигра во Бостон.

Отсуството на најдобрите фудбалери (Џерард, Суарез, Рејна, Керол…) придонесе англискиот тим да му ја препушти иницијативата на противникот, којшто настапи со својот најсилен состав, предводен од капитенот Франческо Тоти.

{youtube}wByuiN8wtWo{/youtube}

Американското засилување за Рома, Мајкл Бредли го отвори резултатот кон средината на второто полувреме, младиот Флоренци нешто подоцна зголеми на 2:0, пред Чарли Адам да го постигне утешниот погодок за „Црвените“.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд
- Реклама -