За да го подготвите овој вкусен ролат, потребни ви се следниве состојки:
4 јајца
200 г. спанаќ
1 лажица брашно
50 г. шунка
1 поголем домат
1 павлака
малку сол, бибер, зачин по желба
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата,додадете сварен и ситно исецкан спанаќ. Побиберете, посолете и додадете зачин. Додадете ја и лажицата брашно.
2. Со кутлача сипете во тавче за палачинки и од смесата направете две дебели палачинки. Кога ќе се олади премачкајте ја внатрешноста со павлака, распоредете ги доматот и шунката и свиткајте во форма на ролат.