Вкусен ролат збогатен со сочен вкус на банана.
Состојки
250 г. маргарин
300 г. мелени бисквити
150 г. шеќер во прав
4 јаболка
3+4 банани
100 г. чоколадо+лажица до две масло (за глазура)
Подготовка
1. Изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, додадете мелени бисквити, промешајте, а потоа измешајте ги изренданите јаболка и сокот од истите, како и 3 згмечени банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија.
Преку неа наредете 4 банани една до друга, по должина на ивицата и замотајте. Ставете во ладилник да се стегне.
2. Пред служење ролатот прелејте го со глазура од чоколадо, а за помрсна варијанта ставете изматен шлаг. Декорирајте го ролатот по желба.