Роки доби споменик во Србија

rocky_pПо споменикот на Саманта Фокс во Чачак, граѓаните на Србија поставија бронзена статуа на уште една холивудска ѕвезда. Славниот боксер Роки Балбоа, кој на големото платно го овековечи актерот Силвестер Сталоне, во саботата доби споменик во Војводина.


По споменикот на Саманта Фокс во Чачак, граѓаните на Србија поставија
бронзена статуа на уште една холивудска ѕвезда. Славниот боксер Роки
Балбоа, кој на големото платно го овековечи актерот Силвестер Сталоне,
во саботата доби споменик во Војводина.

rocky_

По Филаделфија, сега и жителите на селото Житиште, кое се наоѓа во близината на Зрењанин, ќе може да се пофалат со споменик на боксерската легенда Роки. Бронзената статуа, висока три метри, е дело на хрватскиот вајар Борис Стапар, која ја направил по нарачка на општината Житиште. Споменикот на Роки го откри потпретседателот на општината Зоран Бабиќ, кој бил и главниот иницијатор за изработката и поставувањето на бронзената статуа.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Церемонијата на откривањето на споменикот била проследена го голема забава, на која свирел Рамбо Амадеус, но и белградскиот рок-состав „Ван Гог“. Отворањето на споменикот се случи во рамките на фестивалот „Чикн фест“, кој се одржуваше од 16 до 20 август во селото Житиште. виа.

- Реклама -