Тоа што рокерите од Морава го направија за Југословенската музичка сцена е она што ниеден нео-фолк пејач не би се осмелил: идеализирање на селото. Денешната носталгична галерија е само мал потсетник на дискографија на овие четворица досетливи музичари, маскирани во еклектичен микс од шумадиска носија и западни рок ѕвезди. Кликнете на сликата за да чуете некои од нивните најдобри песни, иако за помладите генерации веруваме дека ова ќе биде едно крајно збунувачко искуство.