Рокас повикува на политичко единство: Македонија никогаш не била поблиску до членство во Европската унија.

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, истакна важноста на поголемото политичко единство во Северна Македонија, за да се завршат неопходните процедури за започнување на преговорите за членство во ЕУ. На организираната конференција по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи и 25-годишнината од Договорот за стабилизација и асоцијација, Рокас нагласи дека Европската Унија е најзначајниот економски и политички партнер на земјата, нудејќи поддршка преку инвестиции, програми и фондови.

Тој додаде дека предизвиците со кои се соочува државата не се единствено технички, туку и политички, што посебно бара поголема решителност и соработка меѓу партиите. Водечкиот заменик-премиер за европски прашања, Беким Сали, исто така потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет и истакна дека веќе се забележуваат позитивни резултати во реформите, особено во областа на владеењето на правото и економијата.

Прочитајте и:  (Видео) Навивачите на ПСЖ создадоа немир низ париските улици

Сали акцентираше на амбицијата на земјата за полноправно членство во ЕУ, нагласувајќи дека Северна Македонија припаѓа на европското семејство. Рокас оцени дека иако имало разочарувања во текот на годините, земјата е поблиску до ЕУ отколку што многумина сметаат, но нагласи дека недостасуваат прагматизам, решителност и политичко единство за да се донесат одлуките кои се клучни за следните чекори во процесот.