Рок група составена од роботи со прв концерт во Токио

Јапонија традиционално е земја која постојано не воодушевува со интересни вести од сите области на технологијата, но понекогаш дури и тие кои мислат да виделе многу интересни работи во оваа сфера можат да останат со отворена уста.

Во Токио се одржа првиот концерт на група Z-Machines, која е составена од … роботи. Гитаристот Мек, тапанарот Ашура и Козма кој свини на синтисајзер, се членовите на групата, која е дел од рекламната кампања на јапонски алкохолен пијалок.

JAPAN-Robot-1_366-4704995

Роботите кои свират се однесуваат неверојатно на сцената, како што може да се види и од самите фотографии. Гитаристот има само 78 прста, а тапанарот ракува со 22 палки истовремено додека пијаното ја заслепува публиката со ласерски зраци, кои излегуваа од очите на Козма.

[youtube]http://youtu.be/qtLWb96qwJc[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -