Рој Кин удри по Бразилците: Тие танци се показател дека не го почитуваат ривалот!

Ирската легенда Рој Кин, легенда на Манчестер јунајтед, кој е стручен коментатор на ИТВ за Светското првенство, посочи дека танцовите при славјето на головите на Бразилците се – непочитување на противникот.

Кин уште на полувреме откако Бразил ја наполни Јужна Кореја со четири гола (4-1), жестоко распали по „кариоките“, а му се придружи и Грем Сунес.

„Не можам да верувам што гледам. Стварно не можам да верувам! Јасно ми е дека танцуваа после првиот гол, поради сјајното отворање на мечот, ама сѐ потоа – немаше смисла. Не ми се допаѓа тоа. Луѓето велат тоа е дел од нивната култура, ама за мене тоа е покажување дека немаат почит кон ривалот“, рече Кин.

Сунес, пак, посочи дека ваквите прослави се провокација некој противник да ги удри Бразилците.

- Реклама -