Роџерс е нов менаџер на Ливерпул

Брендан Роџерс е стратегот на којшто ќе му биде доделена задачата да го наследи Кени Далглиш на клупата на Ливерпул.

Велшкиот стратег, кој минатата сезона имаше одлични резултати на клупата на Свонси, во текот на денешниот ден преговараше со американските газди на Ливерпул, при што конечно беше пронајден заеднички јазик и беа договорени сите детали околу седнувањето на Роџерс во менаџерската фотелја на „Енфилд“.

Англиските медиуми најавуваат дека најдоцна до денес и официјално ќе биде потпишан договорот за тригодишна соработка меѓу, до неодамна најтрофејниот англиски клуб и велшкиот стратег. Покрај богатиот договор што го имаат подготвено за Брендан Роџерс, челниците на Ливерпул ќе му платат и пет милиони фунти на Свонси за предвремениот раскин на договорот со овој стручњак.

Прочитајте и:  Салах разочаран од молкот на Ливерпул: „Поблиску сум до заминување отколку да останам на Енфилд“

Од Роџерс сигурно ќе се очекува што поскоро да го приближи Ливерпул до самиот врв на англискиот фудбал, а како приоритет за следната сезона се наведува освојувањето на едно од првите четири места на табелата. За остварувањето на таа цел на новиот менаџер ќе му бидат дадени околу 40 милиони фунти за нови фудбалери, сè со цел Ливерпул што поскоро да ја заборави очајната сезона во Премиер лигата во која што „Црвените“ го освоија само осмото место.

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -