Познатата актерка Анџелина Џоли го посвои синот Медокс пред повеќе од една деценија, а малиот Медокс веќе не е толку мал…
Да се биде син на Џоли-Пит воопшто не е лошо! 12-годишниот Медокс почна да излегува, а девојките ширум светот со задоволство би се нашле во негово друштво (родители предупредени сте :)).
Неговата позната мајка на премиерата на „Maleficent“ откри дека нејзиниот син е пораснат. „Почна да излегува, има и девојка. Многу е мила. Нема да го срамам… но многу е слатка, живее во Англија“, открила Анџелина за Entertainment Tonight.
„Одиме за Англија кога сме во можност, многу се слатки. Вистинска мала дама, многу сум среќна за нив“, гордо признала Енџи.