Rocksteady ја најави Batman: Arkham Knight

Приказната во последниот дел од Arkham серијалот ќе продолжи една година настаните од Arkham City.

Rocksteady Studios, студиото кое ги направи првите и најдобрите две игри од Arkham серијалот: Batman: Arkham City и Batman: Arkham Asylum веќе го развива и новиот и последен дел насловен Batman: Arkham Knight.

Во „експлозивното финале“ за прв пат играчите ќе имаат можност да го возат Бетмобилот, кој сега ќе биде важен дел од играта. Од Rocksteady најавуваат дека играта ќе биде сместена во „нов“ далеку поголем дел на Готам од оној во Arkham City со многу пошироки улици кои ќе овозможат возењето да се интегрира во добро познатиот гејмплеј на играта.

Приказната временски ќе се одвива една година после настаните во Arkham City, а дел од негативците кои здружени ќе му се спротивстават на Бетмен ќе бидат Scarecrow, Penguin, Two-Face, Harley Quinn, и други кои се уште не се откриваат.

Играта ќе излезе оваа година за PS4, Xbox One и PC, а првиот трејлер може да го погледнете подоле.

/Мк.код

- Реклама -