Едно од најлудите нешта што можете да ги најдете во фабриката на Самсунг е роботот-задник. Оваа машина е дизајнирана за да седи/седнува на самсунговите телефони и да ја тестира нивната издржливост, цврстина и отпорност на виткање. Инженерите се прилично горди на него, а роботот дури има и име – Gluteus Maximus, според латинскиот назив на најголемиот и најсилниот мускул на задникот.
Потребата за еден ваков тест доаѓа од фактот што човечките колкови се прилично силни; многу посилни отколку што мислиме. Ставен во задниот џеб на фармерките, смартфонот може лесно да настрада.
Сепак, објавувањето на ова видео доаѓа како одговор на аферата со лесното свикување на новиот iPhone 6 (позната како Bendgate), а нема подобро од тоа да ја искористите негативната популарност на конкуренцијата за да покажете дека вашиот производ е подобар. Од Самсунг се веќе искусни во полето, а и добро им оди.