Vespa – италијанската компанија што ја знаете по нејзините скутери, реши да проба нешто ново.
Во Бостон отвори подружница под името Piaggio Fast Forward, која ќе се фокусира на иднината на мобилноста. Првиот производ е Gita – робот дизајниран за носење товар, како што се намирниците.
Идејата е дека Gita може да ги обавува секојдневните обврски за сопствениците. Роботот е налик на домашен миленик кој го следи сопственикот додека оди или вози велосипед, а може да се движи и сам. Има капак под кој се наоѓа простор за складирање на нештата кои треба да се пренесат. Може да понесе тежина до 18 килограми, а максималната брзина му е 35 км/ч.
Piaggio Fast Forward ги најави пилот-тестирањата за оваа година, а цената и датумот на продажба засега остануваат непознати.
Gita е сличен на другите роботи кои се појавуваат на пазарот. На пример, Starship Technologies тестира робот за достава на храна во два американски града, а компанијата Savioke има робот кој врши достава во неколку хотели.
Со други зборови, се чини дека ваквите роботи многу често ќе ги гледаме во иднина.