Овој нов автоматизиран робот може да изгради куќа за само 2 дена. Работи 4 пати побрзо од било кој градежник од крв и месо.
Наречен е Hadrian X и е дело на австралиската компанија Fastbrick Robotics Limited. Способен е да реди по 1.000 тули на час, бидејќи, за разлика од луѓето, тој нема потреба од одмор. Согласно на тоа, може да работи и деноноќно.
Hadrian X е опремен со 30-метарска “рака”, насочувана од ласер, која може да прави сé што може и еден градежник. Процесот е едноставен: се товари камионот со тули, се паркира роботот на потребната локација и градбата започнува. Роботот одлично се справува со цемент, сече тули и ги реди по одреден план, без грешка. Човечки надзор не му е потребен.
Човештвото реди тули од пред околу 6.000 години, а се обидува да го автоматизира процесот уште од индустриската револуција. Марк Пивак – основач на компанијата зад роботот, смета дека дел од технологијата достигна ниво на развој што овозможува таа цел да биде достигната.
Ај да видиме: