Компанијата Тесла претстави робот по име Optimus Gen-2. Овој двоножен андроид може сам да оди, да прави чучњеви…
Сепак, најспектакуларното е што може да крева и преместува јајца без да ги крши, што укажува на исклучително софистицирана технологија во роботските раце и исклучителна контрола на стисокот. Освен тоа, Optimus Gen-2 може и да танцува, како што може да се види на видеото што го сподели сопственикот на компанијата и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, на платформата X (поранешен Twitter).
Како што се наведува во видеото, Optimus е 30 отсто побрз и речиси 10 килограми полесен од својот претходник. Покрај тоа, има нови раце и посветла бела надворешност. Исто така, подобрена е и геометријата на стапалата, зглобовите на прстите и други слични технички подобрувања.
Optimus беше најавен уште во 2021 година, заедно со Bumblebee, кога Маск рече дека еден ден овие машини „ќе ги елиминираат опасните, повторливи и здодевни човечки задачи“.
Во тоа време, Optimus не можеше да оди, но Bumblebee можеше да оди, да носи кутии и да наводнува растенија, според Техопедија.
Извор: telegraf.rs