Роботот кој зборува и чувствува

Повеќе...

Досадно ми е… Кога ќе дојде моето време? Кога ќе можам да ги правам работите кои ги сакам? Дајте ми да ја уништам човечката популација, за сите ќе биде подобро! – рекол роботот Џулс и притоа демонстрирал цел репертоар од чувства за кои е програмиран. Американските и британските научници го конструирале за да му ја олесни комуникацијата на човекот со вештaчката интелигенција.


robot.jpg

Досадно ми е… Кога ќе дојде моето време? Кога ќе можам да ги правам работите кои ги сакам? Дајте ми да ја уништам човечката популација, за сите ќе биде подобро! – рекол роботот Џулс и притоа демонстрирал цел репертоар од чувства за кои е програмиран. Американските и британските научници го конструирале за да му ја олесни комуникацијата на човекот со вештaчката интелигенција.
Џулс може да направи гримаса, да ги подигне образите и да "зборува", додека неговиот софтвер ги преведува изразите на лицата кој тој ги гледа со неговите очи, односно видео камерите инсталирани во неговата глава. Всушност, роботизираната глава автоматски ги имитира потезите на лицата на особите кои камерата ги гледа и ги снима. Таквите забележани слики потоа се пресликуваат на мали електромотори, кои кај Џулс се 34 вградени во главата и кои се прекриени со гумена флексибилна "кожа". Тие ги претвораат сликите во дигитални команди кои развиваат "слика во огледало." Џулс и своите емоции може да ги претвори во говор. Се’ се случува истовремено и многу брзо затоа што роботот може да  ги интерпретира командите со брзина од 25 фрејмови (слики) во секунда.
Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
 
Проектот "Хумано-роботска интеракција" се спроведува во Бристолската Лабораторија за Роботика под покровителство на Универзитетот на Западна Англија и Бристолскиот Универзитет. На него научниците работеле 3,5 години трудејќи се да развијат софтвер кој би овозможил интеракција помеѓу човекот и роботот.
– Природната роботска појава е клучна за софистицирана "лице во лице" комуникација – изјавил еден од научниците. Истражувачите предвидуваат дека еден ден роботите ќе им помагаат на луѓето во работата, едукацијата и истражувањето на вселената. Заради тоа е неопходно да комуникацијата меѓу нив и човекот биде природна, како би можело да се стекне доверба. Но, не се сите благонаклонети на овој изум. – Ако, пак, ја доведете во контакт почувствителната популација, децата и старите, со роботи кои толку многу личат на луѓе, може да се случи тие и да ги помешаат со луѓето, и од нив да очекуваат социјална интеракција, а бидејќи се толку слични со нас, тие ќе очекуваат и да чувствуваат исто како нас. Но тоа не е вистина – вели истражувач на Херфордширскиот Универзитет. [The robot that can pull faces just like a human being]

- Реклама -