94-годишната Леа Мина Релито не може да живее без грижа, но и покрај тоа не сака да го напушти својот дом. Таа е типичен пример за однесувањето на многу постари луѓе кои не би ја замениле куќата за ништо на светот, но истовремено се грижат за неа и бараат целодневна работа и многу внимание.
Бурниот развој на технологијата веќе им помага ефикасно на таквите како Леа. Проект финансиран од ЕУ, е одговорот на желбата за достоинствен живот на старост. Станува збор за GiraffPlus – робот-помошник на возрасни луѓе. Тој им помага при вообичаените активности дома,ги со роднините и пријателите, како и со квалификувани медицински лица во случај на потреба. АИ претставува систем на сензори кои активираат функции и активности како готвење, следат срцева активност во случај на потреба, како и индикатори како крвен шеќер или крвен притисок. Така состојбата може да следи од далечина и да се контролира, ако има потреба од грижи.
GiraffPlus би требало да излезе на пазарот следната година – пазар, кој до 2016 година би требало да е има обрт од 13 милијарди долари. Роботот е тестиран кај шест лица – во Шпанија, Шведска и Италија.