Ако мислевте дека водата ќе биде безбедна за време на робокалипсата тогаш грешите. Истражувачи од Институтот за Технологија од Токио работат на робот кој може да ги имитира движењата на на пливач.
Роботот наречен Swumanoid – чудна кованица на “swimming humanoid” – е наменет за мерење на отпорот на водата на начин поефикасен од мерење со помош на луѓе. Проблемот е повторувањето. За разлика од нас инфериорни и постојано непредвидливи луѓе Swumanoid може да плива со идентични движења.
Ова е важно за научниците кои работат на мерење на отпорот на водата. Swumanoid е дизајниран да се однесува токму како што им е потребно на истражувачите што би им овозможило да ги повторат тестовите и да ги прават потребните подесувања за подобро да го разберат отпорот на водата. Тие се надеваат дека со податоците добиени на овој начин ќе можат да создаваат опрема за пливачи која ќе ги подобрува нивните перформанси.
{youtube}e_Gp5h14KG4{/youtube}
Истражувачите Чунг Чангијан и Мотому Накашима го создале роботот со помош на 3D скенови на тело на пливач. Тие прво создале модел со половина големина користејќи делови составени од 3D печатач. За да може да работи под вода Swumanoid е опремен со 20 водоотпорни мотори. А за да не потоне истражувачите го програмирале со сите основни движења за пливање.
Чангијан и Накашима се надеваат дека ќе можат да ги претстават своите наоди на Aero Aqua-Biomechanisms Symposium (ISABMEC 2012) во Тајван овој август. И нема потреба од страв дека може да бидете нападнати од робот додека пливате. Моментално на Swumanoid му се потребни две минути и триесет секунди за да исплива сто метри. [Meet Swumanoid, Japan’s swimming robot]