Роботи-фудбалери, роботи-скијачи, роботи-домаќинки… еве дојде роботиката до роботи-хирурзи. Како што тргнало не е далеку денот кога роботи-хирурзи ќе вршат операција на пациентите без асистенција на човек-хирург.
Роботи-фудбалери, роботи-скијачи, роботи-домаќинки… еве дојде роботиката до роботи-хирурзи. Како што тргнало не е далеку денот кога роботи-хирурзи ќе вршат операција на пациентите без асистенција на човек-хирург.
Научниците во Северна Каролина користеле роботски раце и апарат за снимање со ултразвук, со цел да тестираат можност за операција врз прсти на мисирка. Мисирките често се користеле за медицински истражувања (значи експерименти не се вршат само на глувци и стаорци), бидејќи нивното ткиво е слично на човечкото и се однесуваат слично како луѓето за време на снимањето со ултразвук (јас, а верувам и вие досега погрешно сум ја знаела причината зошто на некоја и велат мисирка, ете во што била работата. Човек учи додека е жив!). Роботот користел ултразвук за да го скенира ткивото и да открие кој дел е потребно да биде отстранет. Со користење на софистицирана вештачка интелигенција која со помош на 3Д – слики му давала команди за извршување на одредени работи, роботот-хирург оперирал без потешкотии. Во експериментот роботските раце исто така биле користени за биопсија која денес ја извршуваат лекарите-хирурзи за да дојдат до одреден болен дел од ткивото и да земат примерок. Примероците на ткиво се земаат со цел да се открие дали дошло до развивање на рак. Таргетирањето на болното место роботот го извршил со висок процент на точност.
Во моментов операциите и биопсиите кои ги изведуваат роботи-хирурзи сè уште се под надзор на луѓе кои ги контролираат движењата на роботот-хирург. Водачот на истражувачкиот тим, професорот Стивен Смит, верува дека роботите ќе бидат во состојба рутински да изведуваат операции со минимална асистенција од човек-хирург. Тој вели дека ваквата постапка ќе биде подобра и поевтина отколку денешните операции кои ги извршуваат хирурзите. Единствен проблем е брзината со која роботот-хирург ја извршува операцијата, односно брзината со која работат процесорите вградени во роботот-хирург, но се надеваат дека поблемот наскоро ќе биде надминат.
Интересно нели? Ќе дојде ден кога пациентот наместо да бара да го оперира лекарот-хирург тој и тој, веројатно ќе бара да го оперира доктор 2145, или можеби сите роботи-хирурзи ќе оперираат исто според одреден инсталиран софтвер!
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР