Робот создава скулптури од сол

Преку користење на роботски механизам кој функционира налик на гигантски 3D принтер, артистот Џонатан Шнипер создаде уред кој ја полни собата со малечки скулптури направени од сол.

 

 

 

Роботот се движи низ целата соба која е исполнета со 12 тони сол, поврзан со 4 кабли, слични на оние кабли кои ги користат камерите на NFL рагби натпреварите. Но, наместо камера постои еден механизам кој ги одбира и преработува слоевите сол.

 

 

Овој систем пред се бил конструиран за една уметничка изложба наречена Detritus и постепено создавал малечки скулптури направени од сол. Овој робот може да создаде мал милион различни скулптури од сол, а веќе успешно создал столчиња, гуми, шолји и некои останати предмети кои ги користиме секој ден.

Прочитајте и:  Уметничко дело на хуманоиден робот ќе оди на аукција

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -