Бина 48 е еден од најсовршените роботи во светот, таа се смее, раскажува вицеви, па дури умее и да биде нервозна.
Бина е направена по примерот на реална жена по има Бина Аспен, сопруга на докторот Мартин Ботблат, кој е директор на биотехнологија.
Имено, Бина Аспен поминала повеќе од 20 часа сеќавајќи се на своите искуства од детството, животни случувања и мисли. Информациите целосно се аплоудирале до вештачката интелигенција, односно базата на податоци.
Изработката на Бина чинела повеќе од 125.000 долари и траела три години, по дизајн на Дејвид Хансон.
Бина 48 беше пред две години претставена на панелата SXSW и многу е предизвика огромни реакции, со оглед на тоа што е чудно да се гледа робот кој започнува да изразува емоции како нервоза бидејќи стои пред голема публика, а потоа раскажува виц.
Но, неодамна стана уште почудно. Пред некое време Бина се сретна со Бина Аспен и двете разговараа. Подгответе се за лудо психичко патување.