Робот како дел од екипажот на вселенска станица

роботиХуманоиден робот би можел да биде испратен на Меѓународната Вселенска Станица да ја надгледува мисијата додека спијат астронаутите. Секундарна функција на роботот би била комуникација со Земјата преку Twitter.

Јапонската вселенска агенција JAXA оваа недела најави дека анализира план за испраќање на хуманоиден робот на вселенската станица во 2013. Роботот би комуницирал со Земјата преку Twitter – примарно со фотографии, не оригинални мисли – и би бил „пријател“ за астронаутите. Слично на програмата „Робонаут“ R-2 на NASA, која треба да биде ланисрана со шатлот Дискавери овој четврток, јапонскиот андроид би бил дел од поголем напор за создавање и усовршување на роботи кои би можеле да им помагаат на постарите луѓе.

Јапонија е еден од предводниците во ова поле, и има население кое брзо старее и еден од најдолгите животни векови во светот. Подобрувањето на комуникациските способности на роботите би можело да им помогне на старите лица на Земјата, овозможувајќи набљудување на здравјето. „Мислиме на робот кој многу ќе личи на човек, кој би имал артикулирано лице и би можел да разговара со астронаутите“ изјавил Сатоши Сано од JAXA.

Прочитајте и:  Почеток на роботската револуција: Мини робот наговори 12 поголеми да побегнат со него

Роботот бил развиван во соработка со комуникацискиот џин Dentsu Inc. и тим од Универзитетот од Токио. Проектот на NASA има човечка глава, раце и дланки и може да ги користи истите алати како и екипажот на станицата. „Робонаутот“ R-2 – именуван по R2-D2 од „Војна на Ѕвездите“ – треба да ја одржува лабараторијата Destiny. Од NASA се надеваат дека хуманоидни роботи еден ден би можеле да ги заменат астронаутите на вселенски прошетки или премногу тешки и опасни задачи. Засега, роботот на NASA кој чини 2,5 милиони долари е ограничен само на активности во лабараторијата бидејќи нема нозе. [Japanese robot could be sent to Space Station]

- Реклама -