Роби Вилијамс пристигна во Белград во придружба на невидено обезбедување

Популарниот пејач пристигна во главниот град на Србија по повод денешниот концерт.

Роби беше облечен во бело сако и црна маица, а беше опкружен со голем број на припадници на обезбедувањето, пренесува српскиот „Blic“.

По пристигнувањето тој ги поздравил насобраните новинари со зборовите: „Hello, hello, how are you?”.

На аеродромот го пречекаа пет џипови.

За долгоочекуваниот концерт на Роби Вилијамс, кој ќе се одржи денес (17 јуни) во Ушче, има огромен интерес, а се очекува да пристигне публика од целиот регион, поради што организаторите ги проширија капацитетите.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното
- Реклама -