Официјално е потврдено. Светската ѕвезда Роби Вилијамс на 13 август ќе одржи концерт на стадионот Максимир во Загреб во рамки на неговата европска турнеја „Take The Crown”.
Поп пејачот ќе ја почне турнејата на 19 јуни во Манчестер, а промоцијата на новиот албум „Take The Crown” ќе го донесе за првпат во Хрватска.
„Многу сум возбуден затоа што оваа година повторно ќе настапувам во живот. Минатите концерти ме потсетија на посебното чувство кое го имам кога ги изведувам сопствените песни пред публика. Одиме, Загреб 201!3“, рекол во една прилика Роби, пренесува Index.hr.
Цените на билетите се поделени во следните категории:
Ложа – 1199 куни
Fan Pit – 759 куни
Запад долу – 559 куни
Запад горе, исток – 459 куни
Стоење – 399 куни
Север доле – 359 куни
Север горе – 259 куни
Покрај Роби, Хрватска оваа година ќе биде домаќин на многу светски имиња:
Beyonce – 17.4.2013. – Арена Загреб
Mark Knopfler – 5.5.2013. – Арена Загреб
Depeche Mode – 23. 5. 2013. – Максимир, Загреб
Whitesnake – 15.6.2013. – Загреб
Roger Waters: The Wall – 23.7.2013. – Сплит
Santana – 29.7.2013. – Задар
Iron Maiden – 31.7.2013. – Арена Загреб
Peter Gabriel – 5.10.2013. – Арена Загреб