Оскаровецот Роберт ДеНиро, снимил документарец кој го посветил на својот татко, кој ја напуштил неговата мајка и него уште кога актерот бил дете.
„Имав само три години кога моите родители се разведоа. Мојот татко не сакаше да живее во лага, па ѝ признал на мајка ми дека сака мажи“, кажал ДеНиро во својот филм. Овој документарец е прикажан на Санденс филмскиот фестивал, откако актерот чекал повеќе од 30 години за да ја открие семејната тајна.
„Денес е многу тешко да се биде геј. Замилете само колку му било тешко да се справи со тој товар, кога тоа беше табу тема“, изјавил Роберт на црвениот тепих.
Тој додаде дека и дека филмот го снимил поради децата, за да можат да можат да го запознаат својот дедо и да бидат горди на него.
Таткото на ДеНиро починал во 1993 година од рак на белите дробови, а актерот во повеќе наврати изјавил дека му простил што ги напуштил.