Арјен Робен одби да шутира од белата точка и покрај тоа што Пеп Гвардиола и неговите соиграчи бараа тој да го изведе пеналот.
Во 25. минута од вчерашниот дуел помеѓу Баерн Минхен и Викторија Плзен, Арјан Робен беше соборен во шеснаесетникот на гостите а судијата покажа на белата точка.
Пеп Гвардиола од клупата викаше ’Арјен, Арјен’ и покашуваше кон Холанѓанецот, но играчот не сакаше да ја изведе најстрогата казна.
Рафиња и Рибери се обидоа да го предомислат, но Робен остана на ставот, па на крајот Рибери беше тој што го изведе пеналот и ги донесе ’Баварците’ во предност од 1-0.
Причина за ваквото однесување на Робен е случката од средбата против Маинц во сабоата.
На тој натпревар, Пеп Гвардиола му нареди на Холанѓанецот да ја остави топката, и да му препушти на Томас Милер да го изведе ударот од белата точка.
По финишот на вчерашниот натпревар, Рибери рече: „Играчите сакаа тој да шутира, но Робен сеуште е малку лут по случувањата во саботата”.
[youtube]http://youtu.be/EnSuBNBMyag[/youtube]
Самиот Робен не сакаше да говори на оваа тема: „Нема потреба да зборуваме за ова. Случајот е затворен и нема потреба за додатни коментари. Најважно за мене е поддршката од соиграчите”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал