РКЕ: Од ноќеска на полноќ ќе се точат горива по поевтини цени

Скопје, 16 март 2022 (МИА) – Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, додека дизелот поевтинува за шест денари по литар, соопшти попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од 15.03.2022 година, се вели во соопштението од РКЕ.

Согласно Одлуката, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари по литар, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар по килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари по килограм.

-Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Прочитајте и:  РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм), се наведува во соопштението од РКЕ.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,533 отсто, кај дизелот за 7,922 проценти, кај екстра лесното масло за 7,911 отсто и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,928 проценти.

Од РКЕ воедно потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

- Реклама -