РК Вардар доби ново засилување

Најтрофејниот ракометен клуб во Македонија, Вардар 1961, во тековната сезона е лидер во машката ракометна Суперлига. Неговата цел е повторно да се врати на врвот, а во тоа им помага новиот партнер – регионалниот лидер во приредување игри на среќа, компанијата Mozzart, која стана нов спонзор на црвено-црните! Логото на Mozzart од оваа година ќе биде дел од опремата на клубот, која во минатото освои две европски титули, во 2017 и 2019 година. Вардар е препознатлив ракометен бренд во Европа, па с радост можеме да кажеме дека компанијата Mozzart, позната по својата општествена одговорност, се приклучи кон тимот кој го поддржува 15-кратниот шампион на Македонија и 17-кратниот освојувач на Купот на Македонија.

„Изразуваме големо задоволство што после долги преговори, успеавме да постигнеме споразум со Mozzart Bet за ова партнерство. Вардар постепено, но сигурно, повторно се етаблира како ракометен бренд не само во Македонија, туку и пошироко. Нашите цели за оваа сезона се веќе познати, се стремиме кон титулата во домашното првенство, а со тоа и да се вратиме во Лигата на шампионите, што е еден од важните аспекти на нашиот договор со Mozzart. Очекуваме да го реализираме ова партнерство на начин кој ќе донесе придобивки за двете страни. Искрено сме задоволни и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина на уште повисоко ниво.“ – изјави Михајло Михајловски, претседател на РК Вардар 1961.

Договорот за спонзорство помеѓу Mozzart и РК Вардар 1961 стапува на сила веднаш и ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.

„Ни претставува големо задоволство што станавме партнер и поддршка на најуспешниот македонски клуб по број на трофеи, РК Вардар 1961. Ова е име познато ширум светот, со долга спортска традиција. Веруваме дека нашето партнерство ќе трае долго и ќе придонесе за остварување на амбициите на клубот во идниот период.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.

Компанијата Mozzart, како лидер во регионалното приредување игри на среќа, продолжува со својата општествено одговорна политика и вложува во македонскиот спорт, поддржувајќи клубови од различни рангови.

Прес-служба