Рива се сретнала со поранешниот дечко два дена пред да биде убиена

Моделот Рива Стенкамп се сретнала со нејзиното поранешно момче два дена пред немилиот настан во кој таа беше убиена. Олимпискиот херој Оскар Писториус, кој во моментов се наоѓа на слобода со кауција одкако беше обвинет за убиство, два пати телефонски ја прекинал средбата меѓу моделот и Ворен Лахуд, со кого таа предходно била во петгодишна врска.

Стенкамп (29), беше смртно застрелана преку вратата на тоалетот во раните часови на Денот на заљубените. Оскар тврди дека во моментот мислел дека Рива спие и дека во бањата влегол провалник.

article-2291505-18909AD2000005DC-574_634x466

Нејзиниот поранешен дечко Лахуд, изјавил дека се сретнале со моделот на кафе во сосема случајна околност. Тој воедно раскаѓжал дека се имал два пати запознаено со Писториус и дека никогаш не забележал ништо негативно. Но, кажал и дека ја прашал Рива зошто Оскар ја бара на телефон на секои 20 минути, по што таа му одговорила дека „нема ништо погрешно во тоа“.

Прочитајте и:  Почина поранешниот басист од Рива, Ненад Накиќ Најке

Тој воедно истакнал дека нивната средба била само пријателска и дека речиси и воопшто да не зборувале за нивните љубовни животи. „Зборувавме за тоа како ни оди работата и што ни се случувало во меѓувреме. Но не разговаравме за нашите љубовни животи. Во секој случај не ми изгледаше воопшто несреќно.“

Тој воедно ја опишал Рива како прекрасна и фина личност со многу разбирање. Исто така кажал дека за време на нивната петгодишна врска, тој ниту еднаш не помни таа да ја заклучувала вратата кога одела во тоалет.

Блиските пријатели на Оскар Писторијус велат дека тој е целосно скршен после смртта на неговата девојка.

- Реклама -