Рита Ора открива како со нејзиното семејство избегала од Косово

Популарната пејачка Рита Ора била одвоена од своето семејство кога имала само една година.

Таа ја раскажува својата семејна драма, која започнала во нашето соседство – во Косово.

rita-ora-begalci

Нејзините родители Бесник и Вера одлучиле да избегаат од војната во Југославија носејќи ги под рака нивните деца Рита и Елена, кои имале една и три години.

Кога успеале да избегаат во Англија, родителите биле задржани, а девојчињата одвоени од нив додека не им се реши статусот.

„Не однесоа во дом мене и сестра ми. Ние бевме бегалци и го фативме последниот воз, кога се затвораше аеродромот, а потоа никој не го пуштаа да замине“, раскажува пејачката.

Потоа работите си дошле на свое место и тие останале да живеат во Англија, каде Рита изгради статус на светска ѕвезда.

- Реклама -