Ристовска: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без назнака за кого се однесува ова.

Ваквата реакција доаѓа по последната наредба на шефицата на СЈО, Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, што предизвика реакции кај дел од обвинителите. Веќе неколку недели СЈО е во центарот на аферата ,,Рекет” која ја бранува јавноста. Досега, од СЈО петмина вработени добиле покана за распит за случајот „Рекет“. Изјави дадоа шефицата на кабинетот на Јанева и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. Во вторник на распит треба да се појави и Катица Јанева.

- Реклама -