На само неколку денови пред одржување на најпознатиот карневал во светот, што се одржува во Рио де Жанеиро од 9 февруари, Бразилците веќе ги зафати фестивалска грозница.
Карневалот ќе трае до 12 февруари, а се очекуваат околу пет милиони посетители. Оваа година дури 492 улици се оспособени за перформанси, а поголемиот дел од градот деновиве е преплавен со танчери, пејачи,а некои дури веќе ги облекле и карневалските костими.