Римскиот форум, рим, Италија.
Во срцето на Вечниот град- Рим може да се најдат урнатините на некогаш најважната и славна држава- Римската империја. Рушевините некогаш служеле како владини згради. Тука граѓаните се собирале да ги прослават победите, за избори, судења, комерцијални работи и дури гладијаторски натпревари.
Најстарите згради во Форумот датираат од 8-ми век п.н.е.. Но најголемата и најпозната реконструкција била направена од страна на императорот Октавијан Август, кој го нашол местото направено од цигли и го оставил направено од мермер.
Денес го посетуваат импресивен број на посетители, околу 4,5 милиони истражувачи на Форумот секоја година. Тоа е еден од оние незаборавни места кои треба да се видат барем еднаш во животот.