Пејачката Ријана и фудбалерот Кристиано Роналдо се запознаа пред неколку недели на еден нејзин концерт во рамки на светската турнеја „Diamonds“, а тогаш почнаа и шушкањата за нивниот однос.
Ријана и Роналдо на нивните Твитер профили објавија заеднички фотографии од нивната средба, а тогаш медиумите и фановите сакаа да дознаат дали има нешто повеќе меѓу нив.
25-годишната пејачка демантираше било каква врска со него, но со нејзината изјава нѐ збуни сите.
„Имам многу геј пријатели, но мене тоа не ми смета, ги поддржувам во секој поглед“, рекла Ријана во интервју, пренесуваат американските таблоиди.
Шушкањата дека Роналдо е геј постојат одамна, но фудбалерот секогаш ги демантира со врски со манекенки. Со Ирина Шаек е во врска од 2010 година, а сега беа заеднои на одмор во Лос Анџелес.