Денеска во „Моден Зум“ ќе обрнеме внимание на облеката, која што барбадоската убавица Ријана ја избра за да го прослави 4-ти јули. Убавицата се одлучи да го одбележи празникот во луксузниот ноќен клуб Hooray Henry во Вест Холивуд, во кој што беа забележани и голем број други познати личности вклучувајќи го и нејзиниот дечко Дрејк.
Рири демонстрираше уште предизвикувачка визија која остави контрадикторни чувства кај бројни модни критичари и познавачи.
Сепак, овој избор повеќе личи на секси ноќница, отколку на фустан за вечерно излегување. Се согласувате ли?