Ретко може да ги видиме познатите девојки без шминка, а кога ќе се случи тоа веднаш сакаме да им најдеме маани. Вчера папараците ги уловија Ријана и Бритни Спирс во „casual“ издание. Која ви се допаѓа повеќе?
25-годишната Ријана деновиве престојува во Манчестер. Таа ужива во прошетките низ градот, а папараците вчера ја уловија во природно издание без шминка и со несредена коса, што е реткост за пејачката. По фотографиите се гледа дека Ријана може без се, но очигледно без високи потпетици не.
За разлика од Ријана, Бритни Спирс за прошетка сака да облекува тренерки и патики. Поп пејачката вчера е видена во Лос Анџелес без шминка со широки тренерки. 31-годишната мајка на две деца во последно време се почесто се појавува во лежерни изданија.