Ријана е сериозно загрижена за својот живот.
Причината е тоа што во моментов пејачката се бори со демначи.
Пред неколку дена на суд му се судеше на маж кој го следи секој чекор на Рири.
Тој, според зборовите на судијата, од јуни е под полициски надзор, и претставува сериозна закана.
Блиски до пејачката издаваат дека таа е сериозно загрижена, особено откако судијата го споредил нејзиниот случај, со оној на Џон Ленон.
„Таа не е од луѓето, кој се плашат лесно, но овој човек ја исплаши многу, па неслучајно беше покрената тужба.”, признава пријателка на Ријана.
Потсетуваме дека ова лето 54-годишниот Кевин МакГлин беше уапсен пред станот на Ријана, откако ја следел до таму и се заканил дека ќе ја разнесе.