Ријана е новата двојничка на принцезaта Дајана

rijana

Ријана се изненади од најновата насловна на магазинот „Sunday Times“ на која нејзиниот лик бил споен со ликот на принцезата Дајана. Под фотографијата пишува дека Ријана е модната икона на новото време како што некогаш била принцезата од Велс.

Токму таквата „титула“ ѝ ја доделила американската писателка Камил Паглиа која смета дека има многу заедничко меѓу 24-годишната пејачка Ријана и трагично загинатата принцеза Дајана. Паралелата ја направила откако ги изучила боиографите и личните карактеристики на двете жени и дури се обидела да ги спореди нивните партнери, односно пејачот Крис Браун и принцот Чарлс.

rihanna00.jpg02

Во статијата во магазинот авторката наведува дека тие поседуваат ист или барем сличен шарм и провокативност.

Ријана која деновиве го промовираше најновиот спот за песната „Stay“ на својот блог напишала:

„Кога твоето лице е споено со лицето на принцезата Дајана и тоа на насловната на „Sunday Times“…тоа е извонредно“.

DIANA-RIRI

 

- Реклама -