Ријана откри многу интересни работи за неа во интервјуто за магазинот „Glamour“.
Пејачката Ријана ја краси насловната на магазинот „Glamour“ за ноември. Во интервјуто зборуваше за медиумите кои непрекинато известуваат за нејзините луди забави.
„Тоа воопшто не ме нервира, тие не ме познаваат па лесно доаѓаат до заклучоци и имаат право на тоа. Не е дека само се забавувам. Всушност, го мразам тоа. Ми здодеа“, признала Рири. „Можеби тоа е така затоа што секоја вечер клубовите пуштаат иста музика, можеби ни се потребни уште ДиЏеи.Не знам. Разбирате за што зборувам?“.
Таа го коментирала и нејзиниот планетарен успех: „Многу е возбудливо. Никогаш не е досадно да се биде број еден. Тоа е навистина голем притисок, но не ми пречи. Го сакам тоа, постојано сум зафатена и пред нов предизвик“.