Ричард Бренсон: Животот е премногу краток за да го живееме со кисела фаца

Фразата „Вашиот повик е многу важен за нас, но сите оператори се зафатени” е прилично иритирачка. А еве како звучи таа за клиентите на Virgin Atlantic:

„Здраво, јас сум Ричард Бренсон и сум сопственик на компанијата. Во моментов, сите оператори се зафатени и тоа не е добро. Ајде да направиме вака: ако по 18 секунди никој не ви одговори, ќе добиете попуст во износ од 450 фунти. Јас почнувам со одбројување – 18, 17, 16, 15 … “

Клиентот слуша и единственото што сака е … операторот да не ја крене слушалката.

Се разбира, тоа е измислено од самиот Ричард Бренсон – човекот кој за околу 10 години успева да создаде од мал музички магазин, џиновски многупрофитабилен бизнис. Човекот, основач и сопственик на Virgin Group, која се состои од над 300 компании , расфрлани низ целиот свет е еден од најинтересните и инспиративни луѓе во светот.

A friendly secretary/telephone operator in an office environment.

Ајде да дознаеме некои од неговите бизнис и животни правила:

Ако сте претприемач и не сте направиле грешки, значи дека не сте претприемач.

Можностите во бизнисот се како автобуси – секогаш доаѓа следен.

Јас секогаш сум се однесувал кон бизнисот како кон забава и со времето заборавам каде завршува работата и каде започнува приватниот живот.

Гордоста никогаш не ми пречи да признаам, кога не сум во право.

Секогаш се радувам кога добивам лоша услуга. Не, не сум мазохист – само моите најдобри бизнис идеи доаѓаат, кога наидувам на проблем.

Во сите 40 години, во кои се занимавам со бизнис, ми помагаше мојата подготвеност да го слушам туѓото мислење и да добивам предлози кои се подобри од моите.

Во бизнисот нема место за конзервативен начин на размислување, бидејќи тоа може да ви ги искине крилјата, да ве направи слаби и неспособни да ги оценувате фактите.

choose-courage

За мене да создадеш бизнис значи да направиш нешто со кое што ќе се гордееш, да здружиш талентирани луѓе и ќе изградите нешто што сериозно ќе им го промени животот на другите.

Треба да бидете иноватори – сепак не заборавајте дека најголемите човечки достигнувања биле производ на луди идеи.

Многу подобро е да ветувате помалку и да давате повеќе, отколку обратно.

Во бизнисот, како и во животот, најважно е да правите добро.

Јас се уште сакам да зборувам со луѓето, а не да си пишувам со нив.

Во текот на целиот свој живот сум се обидувал да се држам настрана од канцелариите. Јас работев главно на три места: дома, на јахтата, и во некоја импровизирана лежалка.

Строгиот костум не додава деловни квалитети.

school-of-business_0

Во една компанија секој раководител – од шефот на одделот до топ менаџерот – од време на време треба да го соблекува костимот и да ги извалка рацете.

Дајте им на вашите вработени-мејл адреса и телефонски број. Тие нема да ви пречат без причина, но тоа ќе биде голем психолошки поттик за нив – да знаат дека ако некој проблем го бара вашето учество, тие можат да се свртат кон вас во секое време.

Јас никогаш не велам: „Не можам да го направам тоа, бидејќи не знам како се прави.“ Јас секогаш се обидувам. И не дозволувам да ме сопрат глупави правила.

Ако нешто престане да ми дава радост, почнувам да мислам на промена. Животот е премногу краток за да го живееме со кисела фаца.

Моето мото е: Живеј весело, а парите ќе дојдат.

Ако започнувате нов бизнис и ми побарате деловен совет, би ви го рекол следново: „Бидете чесни при секоја трансакција и стремете се кон победа.”

Најважното за мене е да да останам доследен на зборот што сум го дал некому.

promise_blog

Во бизнисот зборот морал не е празен збор. Во него е целата поента.

Бизнисите треба да го подобруваат животот на луѓето, инаку не вреди воопшто да го почнувате.

Спријателете се со непријателите – тоа важно правило е и во бизнисот, и во животот.

Успехот кој доаѓа еднаш, не храни целиот живот.

Вистинското лидерство се состои во ова: спокојно и јасно да можете да објасните зошто е донесено едно или друго решение.

Парите се лош показател за успехот. Полоша е само славата.

Ако ме прашате во што верувам најмногу, јас ќе одговорам: во семејството.

Мислам дека нема да престанам додека не умрам.

Цврсто верувам дека во животот нема ништо невозможно.

Nothing-is-IMPOSSIBLE

Текстовите во „Адвертајзинг“ се поддржани од Via Marketing

- Реклама -