Фотографот Танг Јохонг од Кина пронајде цело село покриено со бршлен.
Ова рибарско село е напуштено долги години, па своето место тука си го пронашла локалната вегетација.
Селото на бршленот се наоѓа на архипелагот Шенгси, кој е составен од над 400 острови.
За да се дојде до тука се потребни шест часа со брод, но сликата навистина вреди да се искуси во живо. Не заборавајте, порано или подоцна природата ги победува човечките творби.