Рибар улови „X“ суштество во Сингапур

54-годишниот Онг Хан Бун рибарел на своето омилено место на островот Сентода во Сингапур, кога налетал на чудно суштество.

Морското чудовиште личи на октопод, но има барем 100 пипала. Откако останал збунет, рибарот објавил  на интернет фотографии и видео на суштеството, за да му каже некој што точно претставува тоа.

Според Бун, „Со сите свои пипала тоа личи на некаков мутант”.

Ова  е вториот неверојатен пронајдок од морските длабчини, кој што се појави оваа недела. Во текот на викендот крај Британија беше виден гигантски 15-метарски рак.

- Реклама -