Резултатите од гласањето ќе бидат познати најдоцна до 23 часот

Резултатите од изборите ќе бидат познати најдоцна два часа по завршувањето на гласањето. Тогаш веќе се очекува Државната изборна комисија да има значаен број обработени податоци, најави портпаролот на ДИК – Адмир Шабани.

Како што објасни, резултатите се очекуваат во 23 часот бидејќи, согласно процедурата, по завршувањето на гласањето во 21 часот треба да се пополнат обрасци, а потоа ќе започне електронската дистрибуција на податоците до ДИК.

На овие избори, први во услови на пандемија, гласањето траеше 2 часа подолго наместо вообичаеното времетраење до 19 часот, поради протоколите против ширење на Ковид-19.

- Реклама -